ФУДБАЛ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Претседателот на клубот избоде фудбалер поради лоша игра

Фудбалскиот свет остана во шок по сцените кои ни дојдоа од Бразил.

Претседателот на тамошниот тим ЦДЦ, Ново Арипуана, го избодел со нож својот фудбалер поради лоша игра.

Инцидентот се случил минатиот викенд во Манаус. Претседателот бил незадоволен од играта на своите фудбалери, по што дошло до расправија. Играчот го обвини првиот човек на клубот дека крадел брашно и го продавал за да го одржи клубот во живот, по што претседателот полудел извадил нож и го повредил својот фудбалер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blog do Torcedor (@blogdotorcedor)

За среќа, Брзата помош веднаш реагирала и играчот поминал без посериозни последици.

Фудбалскиот сојуз на Бразил треба најстрого да го казни претседателот на клубот, а се разгледува можноста доживотно да биде исфрлен од фудбалот.