ФУДБАЛ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Седум навивачи на ПАОК загинаа во собраќајка, со комбе удрија директно во камион (ВИДЕО)

По трагедијата во близина на Темишвар, во која загинаа седум навивачи на ПАОК кои патувале на гостување на својот клуб, се појави и снимка од страшната сообраќајка.

Навивачите на ПАОК патувале со комбе кога во еден момент преминале во спротивната лента и директно удриле во камион кој доаѓал од спротивен правец. Навивачите на ПАОК патувале кон Франција за мечот против Лион во четврток.