Вистинска трагедија се случи во неделата во рускиот град Белогорск за време на ММА турнир.
Како што јавија локалните медиуми, 16-годишен натпреварувач од Архаринск загинал како последица на удар во главата за време на натпреварот.
Како што пренесуваат медиумите, несреќниот тинејџер загинал и поради тоа што при тепачката не носел заштитна кацига, која е задолжителна за малолетните спортисти.
Се уште не е позната причината зошто главниот судија дозволил ваков пропуст.
