ФУДБАЛ

Вреди да се освои Лигата на шампионите: Сите играчи на Ливерпул добиjа златен iPhone (ФОТО)

Ливерпул го совлада Тотенхем со 2:0 на 1 јуни на стадионот „Ванда Мeтрополитано“ во Мадрид и ја освои Лигата на шампионите.

Ливерпул со тоа стигна до шестата титула од Лигата на шампионите во историјата на клубот. Овој голем успех се прославуваше со денови низ улиците на Ливерпул.

Играчите на познатиот англиски клуб почнуваат да го разбираат она што го направиле, а овие денови полека ги земаат плодовите на нивниот успех. Сите 27 играчи, заедно со тренерот Јирген Клоп, добија скапоцени телефони од Iphone X во позлатена верзија.

Секој поединечен телефон на задната страна го има името на играчот, како и бројот на дресот со логото на Лигата на шампионите, од кои секој чини околу три илјади фунти.

https://www.instagram.com/p/ByDTXLiIu2t/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BxuvY5RIfaS/?utm_source=ig_embed