ФУДБАЛ

Време е за нов предизвик, по 167 мечеви и 116 голови, најдобриот стрелец заминува!

Напаѓачот на Лацио и најдобар стрелец оваа сезона во Серие А, заминува од римскиот клуб. Раководството на „небесно-сините“ се чини дека одлучило да заработи на својот најдобар напаѓач.

Трансферот би се случил по завршувањето на оваа сезона, а нов клуб на Чиро Имобиле би бил Наполи. Италијански „Раи“, поточно новинарот Чиро Венето во ТВ емисија „Луна“ откри каде Имобиле ќе ја продолжи кариерата.

-Сон на Гатузо е Чиро Имобиле. Тој ќе го замени Милик во Наполи. Лаказет и Обамејанг беа резервни вартијанти. Наполи не беше заинтересиран за Белоти. Имобиле му рекол да на Наполи, останува само Де Лаурентис и Лотито да се договорат, изјави Венерато. Имобиле во Лацио пристигна од Севиља во 2016-та година за 10 милиони евра.