Познато е дека Антони Марсијал сака да го напушти Манчестер Јунајтед.
Привремениот менаџер на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник го отпиша откако Французинот преку агент побара од него да го напушти клубот.
Марсијал претходно беше поврзуван со трансфер во Барселона на позајмица, додека во спротивна насока ќе дојдеше и Усман Дембеле, исто така позајмен.
Сега е јасно дека нема ништо од тоа, со оглед дека и двајцата заслужуваат што побрзо да се ослободат од своите клубови.
Исто така, пред неколку дена се појави веста дека Марсијал го сака Јувентус, но Јунајтед ги повлекол барањата, барајќи шест милиони евра за шестмесечна позајмица, а исто така ја исплаќаат и целата плата на Французинот.
Сепак, сега се појави нова и многу примамлива опција за Марсијал, а таа се вика Севиља. Ентони сака да му се приклучи на тимот од Андалузија, а клубот од стадионот Рамон Санчез Писхуан наводно веќе преговара со Манчестер Јунајтед за неговата плата, која клубовите би ја платиле заедно за време на позајмицата.
Марсијал оваа сезона настапи на само 11 натпревари за Манчестер Јунајтед и постигна еден гол.