ФУДБАЛ

Време е за збогување, но Клоп нема многу да тагува доколку управата му ја исполни желбата

Садио Мане е нов играч на Баерн.

Германскиот шампион постигна договор со Ливерпул, кој во замена за сенегалскиот играч за врска ќе добие 40 милиони евра.

Се очекува Садио Мане да потпише тригодишен договор со Баерн, кој со гласот на спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ потврди дека е постигнат договор.

Јирген Клоп веќе одлучи кого сака да доведе како замена за сенегалскиот репрезентативец, а тоа е 26-годишниот напаѓач на Реал Мадрид, Марко Асенсио.

Шпанецот има договор со Реал Мадрид на уште една година, но тоа не ги принудува челниците на европскиот и шпанскиот шампион да ја намалат висината на обештетувањето. Марко Асенсио летово може да се купи за 60 милиони евра.

Марко Асенсио не би се противел на заминување од Реал Мадрид, но сака да замине во тим каде што би имал загарантирано место во стартниот состав.

Во Ливерпул, Марко Асенсио би бил на слична позиција како во Реал Мадрид, бидејќи Ливерпул веќе има директна замена за Садио Мане, Луис Дијаз, со кој Шпанецот би се борел за место во првиот тим.