ФУДБАЛ

„Врие“ во Мадрид: Ал-Келаифи ги „притисна“ судиите, но УЕФА нема да реагира поради 15 милијарди евра

Реал Мадрид беше поразен од ПСЖ со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите во вторник на „Паркот на принцовите“.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Килијан Мбапе во продолжението, но домашната екипа сосема заслужено триумфираше бидејќи „Кралевите“ не покажаа апсолутно ништо на овој натпревар.

Сепак, дел од мадридските медиуми за поразот го обвинуваат Насер Ал-Келаифи, првиот човек на парискиот тим. Тврдат дека на полувремето заедно со спортскиот директор Леонард „викал“ на судијата Даниел Орсат и неговите помошници.

„Ал-Келаифи и Леонардо слегоа во соблекувалните на полувремето за да извршат притисок врз судиите. Тие викаа и се однесуваа непристојно. Не знаеме зошто го направија тоа бидејќи ништо контроверзно не се случи во првото полувреме“, наведи „АБЦ“ и продолжи:

„Реал Мадрид не очекува никакви санкции против ПСЖ. Ал-Келаифи и помогна на УЕФА да потпише договор со beIN Sports вреден 15 милијарди евра и нема да има санкции“.

Двата тима не се во најдобри односи. Така, дружењето за време на ручекот пред натпреварот беше исклучително жешко бидејќи имаше многу недоразбирање меѓу двете страни на масата. Наводно, особено се посрамотил Леонардо, кој го обвини Флорентино През за тоа што најверојатно го киднапирал Килијан Мбапе.

Одличниот фудбалер е голема желба на Реал Мадрид, а наводно според бројни информации „Кралевите“ завршиле се околу неговиот ангажман.

Реал наводно имал многу непријатности во Париз, но не се прославил ниту на теренот на кој заслужено бил поразен. Шанса да се реваншираат ќе имаат на 9 март кога се игра реваншот во Мадрид.