ФУДБАЛ

ВИДЕО: Буфон се врати во Парма, тие го претставија на спектакуларен начин

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон се врати во Парма по повеќе од 20 години.

43-годишниот голман ќе потпише двегодишен договор со Парма, клубот во кој се врати по две децении, откако претходно бројни трофеи освои со Јувентус

Парма со убаво видео го поздрави доаѓањето на нивниот поранешен голман. Тој е претставен како Супермен, што беше прекарот што го доби во Парма во 1997 година, кога го бранеше пеналот на Роналдо и под дресот покажа маица со логото на Супермен.

Во текот на својата кариера, Буфон бранеше за Парма, Јувентус и кратко за ПСЖ, а бранеше 176 пати на голот на Италија и е рекордер.