ФУДБАЛ

Вулверхемптон ја продолжи одличната серија

Во вториот натпревар од 26. коло на англиската Премиер лига, кој се одигра во неделата, Вулверхемптон на домашен терен го победи Лестер Сити со 2:1 (1:1) и ја продолжи серијата добри резултати.

Ова беше шеста победа за „волците“ во последните осум натпревари (во тој период имаат еден пораз и едно реми). Сега се на седмата позиција на табелата со 40 бодови.

„Лисиците“ се движат во спротивна насока на табелата во Премиер лигата – не знаат за триумф во последните пет натпревари во лигата. Моментално се 11-ти со 27 бодови.

Во следното коло Вулверхемптон во четврток ќе гостува кај Арсенал, додека Лестер на 1 март ќе го продолжи натпреварувањето во ПЛ, гостувајќи кај Барнли. Во меѓувреме, тимот од стадионот „Кинг Пауер“ го очекува меч со данскиот Рандерс во рамките на шеснаесетфиналето на Конференциската лига.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига