ФУДБАЛ

Вулверхемптон се засили со напаѓач од шпанската Примера

„Волците“ дојдоа до потписот на Вилијам Жозе од Реал Сосиедад. Фудбалерот кој доаѓа од Реал Сосиедад има 29 години и на „Молинеу“ доаѓа како позајмен до крајот на сезоната.

Тој пристигнува во таборот на „волците“ како позајмен играч, а премиерлигашот има можност следното лето да го откупи неговиот договор за 24 милиони евра.

Напаѓачот настапуваше за Реал Сосиедад од 2016 година, а притоа на 170 меча постигна 62 голови.