ФУДБАЛ

За 70 милиони во ПСЖ, најголемиот трансфер во јануарскиот преоден рок потврден (ВИДЕО)

Најголемиот трансфер во јануарскиот преоден рок  доби официјална потврда, бидејќи Пари Сен Жермен го претстави Kвича Кварацхелиja (23)! За преселбата на Грузиецот од Наполи во ПСЖ се шпекулира со недели, а сагата заврши синоќа бидејќи Кварацхелија потпиша четири и пол годишен договор со клубот од Паркот на принцовите. На дресот ќе го носи бројот 7. Според информациите ПСЖ на Наполи ќе му плати 70 милиони евра.