Барселона вечерва игра на гости против Гранада, натпреварот од 18-то коло во шпанската Ла Лига.
Натпреварот во Гранада се игра од 18:30 часот, а јасно е дека каталонскиот клуб е голем фаворит. Но, Гранада нема да се предаде така лесно затоа што овој клуб игра многу добро оваа сезона.
Фудбалерите на Барселона вчера отпатуваа за Гранада, а пред тоа, Роналд Куман го објави списокот на играчи кои ќе се натпреваруваат за вечерашниот натпревар.
На списокот е и 17-годишниот играч од средниот ред, Илеикс Мориба, кој игра одлично во Барселона Б. Фановите на Барселона се надеваат дека Мороба ќе добие шанса на денешниот натпревар и да покаже зошто овој клуб има голема надеж.
Мориба има договор со Барса до летото 2022 година, а колку веруваат во него најдобро покажува фактот дека во договорот има откупна клаузула од дури 100 милиони евра.
🗒️ [SQUAD LIST]
✈️ #GranadaBarça pic.twitter.com/QrmgKDoDnZ— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 8, 2021