ФУДБАЛ

За да го победите Јувентус, доволно е само да дојдете на мечот

Јувентус доживеа ново разочарување. Вечерва Бенфика му ги одзеде бодовите на Торино, кое славеше со резултат 2:1, а торинскиот гигант по две кола се без бодови и во голема разлика зад конкуренцијата.

 

Јувентус одлично го отвора натпреварот. Аркадиуш Милик го искористи центаршутот на Паредес и погоди за 1:0.

 

Потоа Јуве имаше уште една добра шанса која Костиќ не ја искористи, а потоа Бенфика тргна напред, а нивните напади беа сите многу опасни.

Гостите израмнија во 43. минута. Мирети го промаши пеналот, а Жоао Марио погоди за 1:1.

 

Со овој резултат одиме на одмор, а по 10 минути игра португалскиот гигант поведе. Стрелец е Давид Нерес за 2:1.

 

Јувентус се обиде да направи нешто во преостанатиот дел од натпреварот, а Бенфика се закани на контра. Имаше шанси и на двете страни, но остана 2:1.

 

Нов кикс за Јувентус и уште едно разочарување за навивачите на Старата дама и моментално под водство на Макс Алегри, доволно е само да се појават другите тимови и да победат.

 

Во оваа група ПСЖ славеше како гостин во Хаифа кај Макаби со 3:1.

Домашните добро влегоа во игра. Чери го доведе својот тим во водство со гол во 24. минута, но ПСЖ и понатаму е пресилен за Макаби.

 

Лионел Меси направи пресврт. Аргентинецот израмни на 1:1 во 37. минута, а потоа во 69. минута со убава топка проигра покрај Мбапе, кој погоди за 2:1.

 

Точка на овој натпревар стави Нејмар со гол во 88. минута од средбата.

 

По две кола ПСЖ и Бенфика имаат по шест бода, а Јувентус и Макаби немаат бодови.