ФУДБАЛ

За да ја освоите Лигата на шампионите, рецептот е јасен: Ви треба Хрват во тимот!

Реал Мадрид вечерва по 14-ти пат во својата историја успеа да ја освои Лигата на шампионите.

Шпанскиот клуб го победи Ливерпул со 1-0 во големото финале на ова натпреварување во Париз, а херој беше Винисиус Жуниор кој го постигна единствениот гол.

Сепак, сигурно е дека најголемиот херој на Кралевите вечерва е голманот Тибо Куртоа, кој имаше неколку спектакуларни одбрани и целосно го „заклучи“ својот гол.

 

По крајот имаше големо славје на теренот, а во центарот на вниманието беше Лука Модриќ или една неверојатна статистика.

 

За Модриќ ова беше петти пат да ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид, но имаше и неверојатен „рецепт“ за тоа што треба да направите за да го освоите ова натпреварување.

 

Имено, неверојатно е дека во претходните десет години во финалето на Лигата на шампионите секогаш славеше екипа која во своите редови имаше барем еден играч од Хрватска.

 

Се започна во 2013 година кога Марио Манџукиќ со Баерн ја освои Лигата на шампионите, а покрај одличниот Модриќ, уште Иван Ракитиќ (Барселона), Мате Ковачиќ (Реал Мадрид, Челзи), Дејан Ловрен (Ливерпул) и Иван Перишиќ (Баерн) успеа..