ФУДБАЛ

За Хуан Мата, Јапонија е нова дестинација

Шпанскиот ветеран Хуан Мата е официјално претставен како новото засилување на Висел Коби во Џеј-лигата.

По стапките на Андре Иниеста, Мата замина на Далечниот Исток по трофејната кариера. Заслужено беше примен како вистинска ѕвезда.

Мата кариерата ја започна во Реал Мадрид Кастиља, па за него се слушна во Валенсија. Потоа следува долг престој на Островот во Челзи и Манчестер Јунајтед. Минатата година играше за Галатасарај.

Во својата клупска кариера освои 10 трофеи, од кои најголеми секако се Лигата на шампионите и Лигата на Европа со Челзи.

Тој беше дел од моќните шпански репрезентации кои го освоија светското злато во 2010 година и титулата на Европското првенство во 2012 година.