ФУДБАЛ

„За кој тим и да игра сега, тие добија добар играч“

И познатите и непознатите се збогуваат со Пеле, вклучувајќи го и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Клоп проговори за Пеле пред натпреварот кој Ливерпул го игра против Лестер ден по смртта на фудбалската легенда.

„Што и да се случи во иднина, Пеле е најдобар. Тоа не смееме да го заборавиме“, изјави Клоп.

„Како дете го гледав како игра, но еднаш се сретнавме. Во времето на Светското првенство во 2006 година. Имам потпис што ми го даде за роденден и тоа е многу посебно“, продолжи менаџерот на Ливерпул.

„Тоа е доста тешко, но дозволете ми да се изразам вака – верувам во Господ и во кој тим и да игра сега, тие добија добар играч. Се ќе биде добро, но ова е навистина голема загуба. Нека почива во мир“, заклучи Германецот.