Пред почетокот на оваа сезона на клупата на Лацио пристигна искусниот италијански стручњак Маурицио Сари.
Сари и небесносините од Рим потпишаа двегодишен договор, но според италијанските медиуми соработката наскоро би можела да биде продолжена.
Имено, Сари за кратко време ја „купи“ наклонетоста на навивачите, но и предводникот на клубот кој ќе му понуди продолжување на соработката до 2025 година.
Со доаѓањето на искусниот стручњак почна процесот на трансформација на клубот, а една од главните цели е подмладување на тимот со оглед на тоа што првиот тим на Лацио со просек од 29 години е најстариот во Серија А.
Инаку, Лацио по 11 одиграни кола се наоѓа на 6. место на табелата со 18 освоени бодови. Еден бод повеќе имаат Аталанта и Рома.
На чело на табелата се Наполи и Милан со по 31 бод, трет е Интер со 24 бодови.