ФУДБАЛ

За Марсијал се подготвува голема награда

Антони Марсијал е распукан во последно време и талентот на Франција никој не може да му одолее.

Вообичаено беше критикуван, Жозе Мурињо најмногу го држеше на клупата, но во последно време играше и постигна три гола во последните два натпревари, два против Челзи.

Сега, наводно, Јунајтед одлучи да му понуди нов, петгодишен договор, а 22-годишниот е оној кој ќе ја добие целосната доверба на Мурињо и управата на клубот.

Инаку, во текот на летото, се шпекулираше дека Марсијал може да го напушти Манчестер, но одлучи да остане и сега добива вистинска шанса на Олд Трафорд.

Крилниот напаѓач дојде во Јунајтед од Монако, а за Црвениот ѓавол има одиграно 92 натпревари досега и постигна 27 гола.