Фудбалерот на Марсеј, Димитри Паје е суспендиран на еден натпревар поради судир со навивачите на Ница.
Паје беше погоден во грб со шише додека изведуваше корнер, а потоа тој жестоко реагираше и истото шише го испрати на трибините меѓу навивачите.
После тоа настана хаос и пресметка помеѓу навивачите на Ница и играчите на Марсеј, а натпреварот беше прекинат во 74. минута.
https://youtu.be/l5VKyszrkq4
Легендарниот напаѓач Николас Анелка застана во одбрана на Паје и тврди дека имал сосема нормална реакција.
“За мене, тоа е сосема нормална реакција. Да бев на негово место, ќе фрлав две шишиња и плус копачките во публиката”, рече Анелка.