Има многу полемики за Лука Јовиќ.
Многумина се убедени дека тој ќе го напушти Реал ова лето, а читателите на „Марка“ му дадоа „признание“ за најголемиот неуспех кога станува збор за трансферите оваа сезона.
За Јовиќ беа исплатени 60 милиони евра, но не ги исполни очекувањата. Тој доби шанса од клупата, а сега се појави видео во кое е лесно да се разбере дека неговите соиграчи навистина не му веруваат.
Многу често тој би можел да биде во ситуација да постигне гол, но неговите соиграчи се одлучуваат сами да ја завршат работата.
Јовиќ постигна само два гола на 26 настапи.
https://twitter.com/LukaJovic18i/status/1285211311190810624