ДРУГИ СПОРТОВИ

За неколку дена ја чекаат одлуката на Ѓоковиќ за Австралија Опен

Во наредните денови ќе се знае дали Новак Ѓоковиќ ќе учествува на Австралија опен, изјави еден од газдите на првиот Грен слем турнир во сезоната – Крег Тајли.

„Има уште неколку чартер терени кои ги очекуваме пред крајот на неделата. Ќе има уште играчи во нив. Претпоставувам дека во наредните денови сликата ќе биде многу појасна за тоа кој ќе игра“, изјави Крег Тајли за локалните медиуми.

Сите тенисери кои сакаат да учествуваат на Австралија опен мора да бидат вакцинирани против коронавирус, според правилата на Викторија. Новак Ѓоковиќ не игра на актуелниот АТП куп во Сиднеј.

Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари. Ѓоковиќ е деветкратен шампион во Мелбурн и ја освои титулата во 2021 година.