Роберт Левандовски е веројатно најголемиот губитник на сезоната поради фактот што Франс Фудбал нема да ја додели Златната топка за најдобар фудбалер на светот оваа година.
Полскиот напаѓач беше најголемиот фаворит за наградата и тој дефинитивно е најголемата жртва на откажувањето на наградата, иако немаше причина за тоа.
Сепак, многумина му оддаваат почит на Левандовски што е најдобар за 2020 година. Голем графит посветен на Левандовски со јасни мотиви се појави и на улиците на Варшава.
„Најдобриот играч на светот за 2020 година“, се зборовите што го красат графитот.