ФУДБАЛ

За само 24 часа популарноста на Лука Јовиќ драстично се зголеми

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ (21) од вчера е нов член на Реал.

Брилијантниот напаѓач го напушти Ајнтрахт Франфурт и со трансфер вреден 60 милиони евра ги зајакна кралевите од Мадрид.

Популарноста на момчето е зголемена преку ноќ. Ова е видливо на неговиот профил на Instagram, каде што доби голем број на нови следбеници.

Јовиќ имал 470.000 следбеници на оваа социјална мрежа се до неговото потпишување за Реал, но од вчера неговата популарност драстично скокна.

Така, во овој момент, Лука има 826.000 следбеници, а за 24 часа, бројот на луѓе кои го следат е речиси дулпиран.

Тоа не е сè. По потпишувањето на договорот, навивачите на Реал од целиот свет го окупираа неговиот профил.

Тој доби порака за добредојде и сигурно е дека Јовиќ ќе биде добро примен во Мадрид.

Каде ќе биде неговиот крај ако почне да постигнува голови?

https://www.instagram.com/p/Bx7j1UVoLBC/?utm_source=ig_embed