Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд ќе се терети за силување и закани за убиство, освен секако за физички напад. Тој плати кауција и ќе се брани на слобода, но неговата фудбалска бајка се чини дека заврши. За само неколку дена го допре дното. Манчестер Јунајтед го исфрли од тимот и ја стопираше продажбата на дресовите со негово име. Воедно неговиот лик е тргнат од фудбалските видео игри.
Сето ова се случува откако во неделата неговата девојка на Инстаграм објави фотографии и аудио снимка, кои покажуваат дека ја претепал.
Полицијата во Манчестер сега потврди дека тој е „дополнително“ натоварен со нови обвинувања за силување и за закана за убиство на неговата девојка, Хериет Робсон.