Победувајќи го Сасуоло со 3-0 на гостински терен во 38. коло од италијанската Серија А, Милан успеа да излезе како победник и да ја освои титулата во жестоката битка со Интер.
Во Милано веќе втор ден се одржува голема прослава, а како да не биде кога Милан го освои Скудетото за прв пат по 2011 година. Тоа беше вкупно 19-та титула за славниот клуб.
Малкумина веруваа дека Милан може да ја освои титулата, но избраниците на Стефан Пиоли лавовски се бореа до самиот крај и сосема заслужено станаа шампион на својата земја. На големото славје имаше вообичаени провокации на градскиот ривал, иако во одредени моменти навивачите, па и играчите на Милан претераа.
Во еден момент вчера, додека се возеле во автобус со отворен покрив, играчите истакнаа транспарент на кој пишуваше: „Ставете го трофејот од Купот во задникот“, а особено го таргетираа играчот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу, кој одби да потпише нов договор со Милан и како слободен играч премина во редовите на градскиот ривал во летото 2021 година, велејќи дека тогаш „дошол да го освои Скудетото“.
Сега уживаат, а за време на големата прослава навивачите носеа импровизиран ковчег со цел да го „погребаат“ турскиот репрезентативец.
Иако ова не е првпат да гледаме вакво нешто, тоа секако е морбидно, а Хакан може само да се запраша дали сепак трансферот во Интер беше добра работа. Од перспектива на Милан испадна одлично.
Hakan Çalhanoğlu:
20/21: Leaves AC Milan on a free to join rivals Inter, after finishing 2nd behind Inter.
21/22: Finishing 2nd in Serie A with Inter Milan behind AC Milan.
⚰️💀 pic.twitter.com/9V7Wb4YW85
— 🇳🇴 (@FotballXtra) May 22, 2022