ФУДБАЛ

За Жоао Кансело нема место во Манчестер Сити, заминува ли и тој во Саудиска Арабија?!

За Жоао Кансело нема место во Манчестер Сити и е на трансфер листа, сака да оди во Барселона, но бидејќи Каталонците немаат пари, би можел да оди во – Саудиска Арабија?!

Каталонските медиуми пишуваат дека Барса финансиски не е способна да го доведе Португалецот, дека Бернардо Силва е апсолутен приоритет на кој се фокусираше клубот.

Кансело со задоволство би се преселил во Барселона, Жорж Мендеш веќе ги договорил личните услови и платата од шест милиони евра годишно, додека Арапите сигурно би му платиле три пати повеќе.

Не се знае за кој клуб станува збор, но се знае дека арапските власти директно се вклучени во фудбалските трансфери и дека на ѕвездите како Кансело им нудат сами да го изберат клубот во кој сакаат да играат.

Кансело засега ја чека Барселона, нема други понуди од Европа, што е навистина неверојатно за еден од најдобрите светски дефанзивци.

Сепак, не е тајна дека Кансело има проблеми со дисциплината и дека е „тежок“ за работа, поради што дојде до раздор меѓу него и Гвардиола…