ФУДБАЛ

Заборавениот и засрамен ас на Реал излезе од затвор и ја продолжи фудбалската кариера

Познатиот шпански фудбалер Раул Браво (40) последните години е во центарот на вниманието на европските медиуми.

Денеска 40-годишниот Браво, кој во кариерата има настапувано за познати фудбалски клубови, меѓу кои и Реал Мадрид, заврши во затвор поради местење натпревари.

Во акцијата на шпанската полиција со кодно име „Операција Оикос“, спроведена пред неколку години, Браво беше уапсен поради местење на натпреварот Ваљадолид – Валенсија, како и други криминални активности.

Тој исто така беше меѓу уапсените и осомничени за обид за убиство на поранешниот соиграч Дарко Ковачевиќ, но не беше долго притворен.

По сите проблеми тој реши да се врати на терените по пауза од повеќе од четири години. Тој минатото лето потпиша за Пего и сега стана член на нисколигашот Бениопа.

Иако во април ќе го прослави својот 41 роденден, Браво сигурно ќе биде засилување за овој нисколигаш бидејќи е фудбалер со големо искуство.

Во својата богата кариера, покрај за Реал Мадрид (2001-2007) настапуваше и за Олимпијакос, Арис, Рајо Ваљекано, Верија, Кордоба и Бершот.