Квадво Асамоа во моментов е слободен агент откако го напушти Интер пред два месеци.
Според најавите од Гана, Асамоа треба да се врати во Удинезе, клубот каде доживеа целосна афирмација.
Искусниот лев бек беше член на „нероаѕурите“ во последните две години, а во октомври стана слободен агент.
Врвот на својата кариера го имаше во Јувентус, со кого освои дури шест Скудета, но како член на „бјанконерите“ имаше и неколку сериозни повреди.
Искусниот 32-годишник претходно го носеше дресот на Удинезе од 2009 до 2012 година. Го купија од Белинзона за еден милион евра и го продадоа на Јувентус за 18 милиони евра.