ФУДБАЛ

Заборавете на Мбапе и Халанд: Реал Мадрид ќе го „добие“ најголемото засилување во наредните денови

Реал Мадрид сигурно ќе биде многу активен летово во летниот преоден рок, но пред тоа Кралевите сакаат да средат некои работи во играчкиот кадар.

Јасно е дека ќе има и такви кои ќе го напуштат Реал Мадрид на крајот на оваа сезона и дека Кралевите ќе се обидат да го доведат најдоброто можно засилување, но моментално Флорентино Перез и неговите соработници се фокусирани на актуелните играчи.

Имено, Реал Мадрид игра многу подобра сезона од очекуваното и кралевите веќе ја обезбедија титулата во Шпанија, а имаат можност да ја освојат и Лигата на шампионите бидејќи стигнаа до финалето каде ги чека Ливерпул.

Затоа челниците на Реал Мадрид решија да понудат нови договори на одредени играчи, а тоа пред се се однесува на Карим Бензема кој ја игра веројатно најдобрата сезона во кариерата.

Бензема има договор со кралевите до летото 2023 година, кој го продолжи пред почетокот на сезоната. Сепак, по неверојатната сезона во Реал, решија да го наградат со нов договор.

Марка денеска објави дека 34-годишниот фудбалер е решен да остане што подолго во Реал и преговорите се речиси завршени. Бензема се согласи да ја продолжи соработката до летото 2024 година и тоа секако е најдобрата зделка на Реал пред почетокот на новата сезона.

Бензема во досегашниот дел од сезоната одигра 43 натпревари и постигна дури 41 гол и забележа 14 асистенции.