Бразил се пласира во осмина финалето на Светското првенство во Русија. Сепак, Кариоке не покажа до крај зошто се меѓу главните фаворити за престижниот пехар.
Нејмар со своите трикови и дриблинзи не го даде очекуваниот придонес за Кариоките на Светскиото првенство, но затоа неговиот соиграч Кутињо го даде очекуваниот придонес.
Кутињо засега е херој на Бразил, едноставно му тргна од самиот почеток, успеа да постигне гол и асистенција на сите три натпревари.
Така стана првиот Бразилец по легендарниот Пеле и 1958 година, кој успеа директно да учествува барем во еден гол во секој од првите три натпревари на Мундијалот.
Кутињо постигнал гол против Швајцарија и Костарика, а му асистираше на Паулињо за првиот гол на Бразил против Србија.
Forget Neymar Jr, #BRA have found a new hero 🇧🇷🇧🇷🇧🇷 pic.twitter.com/CEwKIDYi4B
— 101 Great Goals (@101greatgoals) June 28, 2018