ВАР донесе значителни промени во фудбалската игра, но новата технологија што ја подготвува ФИФА засекогаш ќе го промени фудбалот.
Имено, ФИФА ќе воведе „полуавтоматски офсајд“ систем, кој веќе беше тестиран минатиот месец за време на Светското клупско првенство.
Подетални резултати ќе бидат објавени наскоро. Овој систем веројатно ќе ги замени линиите што ги црта системот ВАР и значително го забрзува донесувањето одлуки.
Системот работи на начин што ги следи движењата на телото на играчот и точно го одредува моментот кога е направено додавање, по што тие можат скоро веднаш да му кажат на асистентот од просторијата ВАР дали да го подигне или спуште знамето.
Компјутерот формира еден вид скелет на играчот, се следат екстремитетите, нозете и рамената и топката автоматски се открива, па одлуката се носи за неколку секунди.
Првото големо натпреварување на кое ФИФА планира да го користи системот е Светското првенство во Катар во 2022 година, а во лигашките натпреварувања и еврокуповите треба да се воведе во 2023 година.
Покрај скратувањето на донесувањето одлуки, овој систем ќе помогне да се избегнат некои сериозни повреди како што беше случајот со Руи Патриша на натпреварот Вулверхемптон – Ливерпул.
На тој начин, помошните судии веќе нема да ја пуштаат акцијата и да чекаат со кревање на знамето, додека навивачите и играчите веднаш ќе знаат дали да се радуваат или не.