ФУДБАЛ

Загрижува формата на Кутињо

Шпанските медиуми открија дека во таборот на Барселона се сериозно загрижени поради формата на бразилскиот интернационалец Филипе Кутињо. Според „Дон Балон”, тренерот Ернесто Валверде и капитенот Лионел Меси се загрижени за формата на офанзивниот играч за врска.

Тие веруваат дека Бразилецот треба да игра подобро и му порачаа да верува во себе, да биде посигурен и да покаже попродуктивна игра. Бразилец во тековната сезона има одиграно 18 натпревари, на кои постигна 5 погодоци и запиша 4 асистенции.