Лорис Кариус бранеше за Њукасл на натпреварот против Манчестер Јунајтед.
Германецот по две години постигна гол за страчките кои загубија (2:0) од Јунајтед во финалето на Лига купот и со тоа останаа без трофеј.
Њукасл не можеше да смета ниту на првиот ниту на вториот голман. Ник Поуп имаше црвен картон, додека Мартин Дубравка сезонава играше за тимот на Манчестер, поради што немаше право на настап, па Кариус мораше да застане меѓу стативите.
Медиумите на островот наместо да ја коментираат неговата одбрана, повеќе се занимаваа со ракавиците кои ги носеше на тој натпревар. Станува збор за кафени ракавици, произведени од германска компанија, која во своето производство не користи суровини од животинско потекло.
Неговата кариера изгледаше многу добра до финалето на Лигата на шампионите во 2018 година, кога бранеше за Ливерпул и беше одговорен за два гола, благодарение на кои славеше Реал Мадрид. Тој во последните месеци беше во центарот на вниманието на светските медиуми поради врската со италијанската водителка Дилета Леота, но се добива впечаток дека неговата кариера е во тотален пад, толку што веќе не е чудно кога тој прими повеќе голови.
