ФУДБАЛ

Законот за сите е ист: Ѕвездата на Тотнем ќе служи војска

Како што пренесуваат медиумите од Островот, ѕвездата на Тотенхем, Хеунг мин Сон ќе служи четири недели војска во родната Јужна Кореја.

Сон ќе помине четири недели воен рок во со морската флота, а со тоа ќе ја искористи и паузата.

Во 2018 година, Сон се спаси од служење на воен рок, со тоа што беше дел от тимот на Јужна кореа кога ја освои титулата шампион на Азија.

Во Јужна Кореја, сите воено-способни мажи мора да служат војска помеѓу 21 и 24 месеци пред да наполнат 28 години.

Во моментов фудбалот е стопиран поради пандемијата на коронавирус, Хеунг мин Сон сака да ја искористи паузата за да ја обави должноста.