ФУДБАЛ

Закрепна од повредата, а потоа го прекрши правилото за корона

Швајцарскиот напаѓач Брел Емболо, нема среќа оваа сезона.

По успешната операција на раката, првотимецот на Борусија Менхегладбах се врати во тренажен процес. Емболо беше планиран и за почетната постава во дуелот против Вердер, кој Гладбах го игра вечерва во вонредното 17-то коло од Бундес-лигата, но тој го прекрши правилото за тестирање на короната пред мечот.

“Треба да бидеме претпазливи кога станува збор за короната. Почитувајте ги правилата во текот на сезоната. Емболо прекрши едно од правилата и нема да биде во конкуренција за дуелот против Вердер”, изјави Борусија.

Емболо утре ќе изврши нов тест за коронавирус, кој ќе важи за дуелот од 18-то коло, во кој Борусија во петок ќе се сретне со истоимениот од Дортмунд во дербито на споменатата рунда на натпреварувањето.

Бундеслигата досега нема забележано проблеми со протоколот за корона оваа сезона. Клубовите се максимално дисциплинирани, внимателни, што значи дека оваа тешка сезона за сите ќе заврши на најдобар можен начин.

ПОВРЗАНО

Бундеслига