ФУДБАЛ

Замената на Суарез доаѓа од Холандија, Рајола ја плаши Барселона

Барселона размислува да најде замена за Луис Суарез. Уругвајскиот напаѓач е на крајот од кариерата со 32 години и „Каталонците“  бараат ново име што може да го замени Уругваецот.

Новото име што се појави на сцената е Дониел Мален. Напаѓачот на ПСВ работи доста добро. Минатата сезона тој одигра 31 натпревар и постигна 10 голови, додека 20-годишниот играч ги зголеми своите настапи оваа сезона. Тој има постигнато 11 гола на 13 натпревари.

Челниците на Барселона се изненадени од играчот, но имаат проблем. Негов агент е Мино Рајола. Односот на каталонскиот клуб со познатиот агент воопшто не е добар. Трансферот на напаѓачот на ПСВ во Барселона ќе ги доближи страните.