ФУДБАЛ

Заминува ли Бејл? Агентот го кажа своето

Велшанецот Герет Бејл не е најомилената личност во Мадрид во последно време.

После се што се зборуваше ова лето, Бејл се уште е во Реал Мадрид, и иако се чини дека страстите конечно се смирија, фудбалерот најде начин навивачи уште повеќе да го замразат.

Бидејќи тој не беше во конкуренција за дуелот со Леганес, Бејл го набљдуваше натпреварот од трибините, но до 80-та минута кога го напушти стадионот, влезе во автомобилот и замина. Тоа предизвика многу реакции, особено од навивачите кои со месеци го критикуваат, а како и обично, се засилија гласините за неговото заминување.

„Марка“ тврдеше дека Шангај Шенхуа во трансфер период ќе тргне по Бејл, што предизвика реакција кај агентот на велшкиот фудбалер.

„Герет е среќен што игра во Реал Мадрид. Кина? Не верувајте во сè што ќе чуете“, рече агентот на Бејл, негирајќи ги медиумските написи.

Зидан рече дека во приказните за заминување нема вистини, додавајќи дека тој имал многу добри односи со Бејл и дека му е драго што останал на „Сантијаго Бернабеу“.

Бејл инаку има договор со Реал до 2022 година.