Аргентинецот Пауло Дибала речиси сигурно нема да биде жител на Торино следната сезона.
Дибала си заминува од Јувентус, а како нова дестинација се споменува Интер, што секако ги налути навивачите на Старата дама, кои се чини дека имаат подготвен план во случај Дибала да замине.
Јувентус претходно се загреваше за Кристијан Пулишиќ, а по сите неодамнешни случувања во Челзи и споменатото заминување на Дибала, се поактивен трансферот на Пулишиќ во Јувентус.
Наводно, голем дел од работата во целата приказна ќе одигра Вестон Мекени, голем пријател на Кристијан Пулишиќ, со кој ја делеше соблекувалната во репрезентацијата на САД.
Мекени може да биде клучен фактор во преговорите и можност тој и Пулишиќ заедно да ја делат соблекувалната во клубот.
Покрај Пулишиќ, тајно се споменува и името Ди Марија, но сепак тоа е дополнителна опција за Старата дама.
Детали за евентуалниот трансфер на Пулишиќ не се познати, а се чини дека заминувањето на Дибала нема многу да ги повреди луѓето во Јувентус.