ФУДБАЛ

„Заминувањето на Роналдо се почувствува и тоа како, но важно е дека на крајот сите беа среќни поради тоа“

Германскиот фудбалер Тони Кроус го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2023 година.

Кроос ги изненади сите со изјавата дека по истекот на договорот планира да ја заврши својата кариера, иако треба да наполни 33 години. Зборуваше дека направил се што може во својата кариера и дека има се помалку и помалку мотив за играта.

Исто така, овој играч од средниот ред на Кралскиот клуб зборуваше за Кристијано Роналдо со кого играше со години во Реал. Но, тоа заврши пред една година кога Португалецот го напушти „Сантијаго Бернабеу“ и потпиша за Јувентус.

Кроос рече дека заминувањето на Роналдо се почувствува, но дека тоа е едноставно беше нешто што не можеше да се избегне и дека најважно е тоа што сите стран на крајот биле среќни.

„Па, секако дека е невозможно да не се почувствува заминувањето на таков фудбалер како што е Роналдо. Тој реши многу натпревари. Сепак, реши да пронајде нови предизвци и го почитуваме тоа. Реал заработи многу пари и на крајот сите беа среќни со неговото заминување“, рече Крос.