Германските медиуми пренесуваат дека Баерн е подготвен да ја разгледа можноста следното лето кога ќе му истече договорот да го доведе Килијан Мбапе.
Spor1 објави дека германскиот шампион е заинтересиран за напаѓачот на Пари Сен Жермен.
Според изворот, Баерн е свесен дека трансферот би бил голем потфат поради високата плата на 24-годишниот Французин, но клубот не ја исклучува можноста бесплатно да влезе во борбата за потпис на овој одличен фудбалер.
Претходно тренерот на Баерн Томас Тухел се пошегува дека ќе го донесе Мбапе во Минхен на велосипед доколку напаѓачот на Пари Сен Жермен се согласи на трансфер. Договорот на Мбапе со парижаните завршува оваа сезона.
Навивачите на Баерн веќе замислуваат каков голем напад би бил доколку Хари Кејн и Килијан Мбапе играат заедно.
Кејн оваа сезона во дресот на Баерн одигра 16 натпревари во сите натпреварувања, постигна 21 гол и забележа седум асистенции. Во истиот период, Мбапе одигра 15 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања и постигна исто толку голови.
https://twitter.com/KlaasFCB/status/1725081734805377112
