Роналд Куман засега останува тренер на Барселона.
Ова беше потврдено по состанокот со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, а неговиот агент Роб Јансен беше пресреќен откако разговараше со првиот човек на клубот.
“Имаше позитивна атмосфера за време на состанокот и јас сум многу задоволен. Огромна почит завладеа меѓу клубот и Куман”, ја започна Јансен приказната за Телеграф и продолжи:
“Чувството е толку добро што лесно може да се случи Роналд да остане во Барселона подолго од договорот што го има (2022). Не стигнавме толку далеку во преговорите и закажана е нова средба”, изјави агентот на тренерот на Барселона.
Сепак, агенцијата Васерман денес објави навистина неверојатна порака упатена до Барселона.
Лапорта имаше јасен став на состанокот и го замоли Куман да почека две недели клубот да се обиде да најде друго решение на тренерската позиција.
На управата на холандскиот стручњак тоа не му се допадна и тие испратија жестока порака на Твитер.
“Замислете: Сакам да се омажам за вас, но се сомневам и барам две недели да најдам подобар партнер. Ако не ја најдам вистинската личност, тогаш ќе се венчаме”.
Роналд Куман синоќа беше и во болница. Лапорта изјавил дека се должи на стрес и вознемиреност, се покажало дека станува збор за обичен преглед што Холанѓанецот го прави на секои три месеци, бидејќи претходно имал операција на срцето.
Во Барселона сигурно ќе биде бурно во наредните денови и на крајот ќе видиме што ќе се случи со Куман.
Неговото отпуштање би го чинело каталонскиот тим осум милиони евра. Исплатата на надоместокот е проблем за клубот, кој е во финансиски проблеми, а Лапорта се обидува на секој начин да го избегне тоа.