ФУДБАЛ

Заниоло ги повреди лигаментит, потребна е итна операција

Младиот играч од средниот ред Рома, Николо Заниоло се здоби со сериозна повреда за време на натпреварот против Јувентус.

Покрај поразот од Јувентус (1:2), за Рома тежок удар е и повредата на Заниоло и се чини дека тој нема да се врати на теренот за брзо време.

Еден од клучните играчи на римскиот клуб ќе биде опериран денеска, а Рома објави дека предните лигаменти во десното колено биле повредени.

20-годишниот Италијанец има одиграно 18 натпревари во Серија iA оваа сезона и има постигнато четири гола и една асистенција.

Во Рома, сега можам само да се надеваат дека операцијата на Заниоло и самиот процес на закрепнување ќе одат според планираното.