Убавиците на трибините отсекогаш привлекувале огромно внимание.
Има многу девојки кои се здобија со популарност на фудбалските натпревари, а во современиот свет доволен е еден момент популарноста да експлодира низ светот.
Затоа на трибините има се повеќе убавици кои се обидуваат да привлечат внимание, а многу од нив се многу успешни.
Некои од нив ја користат приликата и доаѓаат оскудно облечени. Сепак, има и такви кои во сосема нормална облека го привлекуваат вниманието на апсолутно сите.
Така беше вечерва на натпреварот од Европската лига меѓу Фенербахче и Динамо Киев. На трибините се појави девојка и сите гледаа во неа.
Мирна и незабележителна, сосема пристојно облечена русокоса пристигна на трибините за да го бодри тимот на Динамо од Киев. На фотографите веднаш им било јасно што треба да направат.
https://twitter.com/fenerrmedya/status/1567895278786592768?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1567895278786592768%7Ctwgr%5E95c57ea6811508329a75ea99d8ca3bdc2bc85066%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Fmagazin%2Fljepotica-tribine-fenerbahce-dynamo%2F433642
Русокосата убавица без проблем им позираше. Со широка насмевка и знамето на Украина во рацете гордо застана пред камерата.
Секако, таа привлече големо внимание на социјалните мрежи. Коментарите се навистина одлични, а има и такви кои би сакале да се оженат со неа.
Името на оваа убавица е непознато. Сепак, тоа сигурно ќе биде откриено во наредните денови, бидејќи ништо не може да се скрие од социјалните мрежи.
Можеби ова е најава за добра манекенска кариера.