ФУДБАЛ

Започна создавањето на моќниот Њукасл: Првиот летен трансфер вреден 60 милиони евра

Сезоната во англиската Премиер лига заврши минатиот викенд.

Њукасл заврши на средината на табелата, но по крајот почнува да создава супер силен тим, што го најавија богатите арапски сопственици.

„Страчките“ веќе издвоија 60 милиони евра и ќе испратат на адреса на Лион за бразилскиот напаѓач, 24-годишниот Лукас Паке.

Споменатиот фудбалер има договор со Лавовите до 2025 година и вредност од 35 милиони евра.

Така Њукасл ќе понуди речиси двојно повисока цена за Паке.

Островските медиуми пишуваат дека ова е веќе завршена работа, но медиумите во Франција се резервирани по ова прашање, но сигурно е дека Лион нема само да ја одбие оваа финансиска инјекција.

Њукасл најави тотална реконструкција на тимот ова лето, па на стартот од сезоната може да очекуваме сосема поинаква стартна постава на страчките.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига