ФУДБАЛ

Започна Светското првенство за жени, веднаш сензација!

Женската фудбалска репрезентација на Нов Зеланд победи денеска во Окленд, Норвешка со 1:0, во првиот натпревар во групата А на Светското првенство.

Стрелец на единствениот гол беше Хана Вилкинсон во 48. минута, на првиот натпревар на Светското првенство кое во следниот месец ќе се игра во Нов Зеланд и Австралија.

Нов Зеланд со тоа ја постигна првата победа на светските првенства во своето петто учество.

Натпреварот се одигра само неколку часа откако вооружен маж во Окленд застрела и уби две лица во близина на хотелот во кој е сместена норвешката репрезентација.

Тој беше убиен во престрелка со полицијата. Во нападот се ранети четири лица и еден полицаец.

Поради тој инцидент беше зголемено обезбедувањето на Еден парк, каде натпреварот го следеа 42.137 навивачи, што е рекорд за фудбалски натпревар во Нов Зеланд.

По церемонијата на отворање, на која се славеше домородното наследство на Нов Зеланд, беше одржано едноминутно молчење за жртвите. Денеска играат и Австралија и Ирска.