Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ се уште активно игра фудбал и тоа на високо ниво за еден фудбалер кој има 37 години.
Ибрахимовиќ нема намера да се откаже, но договорот со Лос Анџелес Галакси е до 2019 година, најверојатно, нема да остане до крајот, бидејки се подготвува бомба.
Најновите информации од странските медиуми објавија дека агентот на Ибрахимовиќ, Мино Раиола, преговара со лидерите на Милан за негово враќање на Сан Сиро. Росонерите бараат прифатливо решение во нападот, а тренерот Гатузо изрази желба да биде играч кој има искуство во Серија А, што Ибрахимовиќ сигурно го има.
Се смета дека Ибрахимовиќ ќе пристигне во Милано во јануари и ќе потпише договор до крајот на сезоната, а ако се докаже, тогаш ќе се дискутира за продолжување на соработката.
Не е тајна дека Ибрахимовиќ и неговата сопруга го обожуваат Милано и планираат да живеат таму кога Швеѓанецот официјално ќе ја заврши кариерата. Иако играше за голем број клубови во својата кариера, Ибрахимовиќ не криел дека се чувствува најдобро во Милано и дека е негов омилен клуб.