Со виртуелен перформанс пред вечерашниот натпревар, свечено ќе биде отворено Европското првенство во фудбал (ЕУРО 2020) кое поради ковид пандемијата беше одложено минатата година.
Под посебни услови и за прв пат 11 градови домаќини ќе започне натпреварот каде што се бара најдобриот во Европа.
Отворањето на 16. Европско првенство е закажано за 11 јуни во 21:00 часот. Италија и Турција се среќаваат на стадионот „Олимпико“ во Рим. Финалето и затворањето се планирани за во Лондон на 11 јули, на стадионот „Вембли“.
*Пласман на ЕУРО 9.250.000 *
Групна фаза
*победа 1.500.000
*реми 750.000
*Осминафинале 2.000.000
*Четвртфинале 3.250.000
*Полуфинале 5.000.000
*Финалист 7.000.000
*Шампион 10.000.000
Победникот на турнирот може да инкасира најмногу 34.000.000 евра