Францускиот шампион ПСЖ влегува во нова ера.
Еден од најбогатите тимови во светот со неверојатна понуда успеа да го задржи Килијан Мбапе во клубот, а промената засега се случи само на местото спортски директор каде Леонард беше заменет со добро познатиот Луис Окампос.
Францускиот шампион со него тргнува во нова ера. Le Parisien тврди дека од денес во Париз стартуваат бројни промени и дека ќе има голем број на заминувања од ПСЖ.
Наводно, на излезната врата на ПСЖ има дури 10 фудбалери. Серхио Рико, Курзава, Керер, Диало, Паредес, Андер Ерера, Данило, Гује, Дракслер и Икарди се на продажба и ќе им биде дозволено да најдат нов клуб.
Заминувањето на овие фудбалери отвора простор за нови дојдовни трансфери. Окампос се очекува да биде многу активен во шопинг и тимот на ПСЖ би можел значително да се разликува од претходните сезони.
Треба да се напомене дека Анхел Ди Марија веќе го напушти клубот, а наводно раководството на парискиот великан е подготвено да ги слушне понудите за Нејмар.