Њукасл Јунајтед вчера доби нови сопственици што предизвика ерупција на ентузијазам кај навивачите.
Саудискиот конзорциум го купи тимот од Мајк Ешли по година и пол разговор и бројни пречки и Њукасл преку ноќ станаа еден од најбогатите клубови во светот.
Моќен тим на Њукасл веќе започна да се формира. Коментарите зујат на социјалните мрежи, а англискиот Гардијан ја носи веста дека хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ е една од водечките цели на моќниот Њукасл.
Договорот на Модриќ со Реал истекува, а многумина се на мислење дека тој може да игра уште најмалку две сезони на врвно ниво.
До Модриќ, по патот до „Св. Џејмс Парк“, исто така, може да тргне Хари Кејн и ова се двете најголеми sвезди што ќе се обидат да ги донесат.
За почеток, нема да се троши ако им се верува на странските медиуми. Некои од желбите се Франк Кеси, Кутињо, Ив Бисума, Лео Дубоа, Дејан Кулушевски.
Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија ќе поседува 80 проценти од клубот, а на чело е принцот Мохамед Бин Салман.
Богатството на новите сопственици на Њукасл се проценува на 320 милијарди фунти и дефинитивно ќе можат да сметаат на големи засилувања во иднина.
Њукасл со години е далеку од самиот врв на англискиот фудбал. Сепак, очигледно е дека работите ќе се сменат во наредните години и овој клуб сигурно ќе стане еден од главните во Премиер лигата.